Достапни линкови

Во Канада од жешкиот бран умреле 33 луѓе


илустрација

Најмалку 33 луѓе умреле од последиците од жешкиот бран кој во последниве неколку денови ја погоди канадската провинција Квебек. Како што се наведува, 18 смртни случаи биле забележани во Монтреал каде што температурата достигнала до 45 степени. Според податоците на Одделот за јавно здравство, меѓу умрените најбројни биле мажи од 53 до 85 години кои живееле во повисоките катови без клима уреди. Жешкиот бран со рекордни температури почна во Канада на 29 јуни. Деновиве се очекува темепратурата да опадне.

XS
SM
MD
LG