Достапни линкови

Заев: референдумот ќе биде на 23, 30 септември или 7 октомври


македонскиот премиер Зоран Заев

Референдум ќе биде на 23 септември, 30 септември или 7 октомври, а целта е до 15 јануари да се завршат сите предвидени обврски, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ. Тој додаде дека референдумот ќе има обврзувачки карактер, ќе биде прифатен од сите, па дури и од претседателот Иванов. Одговарајќи на прашањето кои се роковите за македонската страна Заев вели дека целта која што е поставена е 15 јануари. „Со успешниот референдум јас сум убеден дека сите во парламентот ќе го послушаат народот што кажува на референдум и така ќе гласаат. Тоа денес го добиваме како порака дури и од претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов дека ако референдумот е успешен, секако и тој ќе ги поддржи и Договорот со Грција и сето она што е следна фаза, а и опозицијата исто така“, рече Заев, наведувајќи дека по референдумот следуваат уставни промени, по што се очекува грчкиот парламент да го ратификува договорот. Според Заев, најверојатно прашањето за реферндумот ќе биде „Дали сте за Европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“.

XS
SM
MD
LG