Достапни линкови

Уште двајца Британци затруени со новичок


Емсбери

Двајца британски државјани се во критична здравствена состојба откако биле изложени на новичок, истиот нервен отров со кој беа затруени поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март годинава, соопшти шефот на британскиот Оддел за контратероризам Нил Басу. Тој прецизира дека станува збор за една жена и еден маж на возраст од 44 и 45 години и оти тоа се случило во Емсбери, кој е само десетина километри одалечен од Салсбери каде што беа затруени Скрипал и ќерка му. Истрагата е во тек за да се утврди како лицата дошле до контакт со нервниот отров

XS
SM
MD
LG