Достапни линкови

Ципрас: Потребно е да се има визија и верба во Балканот


Премиерот на Грција Алексис Ципрас

Премиерот на Грција Алексис Ципрас, домаќин на средбата на западнобалканската четворка, порача дека регионот Западен Балкан има пред себе една нова, динамична перспектива, но, дека е потребно и да се има визија и верба во регионот и да се прават храбри чекори. „ЕК даде перспектива за прием во 2025 година, но имавме одлука за почеток на пристапните преговори за летото 2019 година, за Албанија и Поранешната Југословенска Република Македонија, под услов позитивно да се реши прашањето за името на таа земја. Важно е тоа да се каже, неопходен е позитивен тон“, рече Ципрас. Во Солун се одржа заседание на Советот за соработка на високо ниво меѓу премиерите на Бугарија, Грција и Романија, Бојко Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

XS
SM
MD
LG