Достапни линкови

Собранието повторно ќе гласа за договорот за името


Седница на Собранието на Македонија

Собранието на Македонија денеска ќе одржи седница на повторно ќе гласа за Законот за ратификација на договорот за името. Собранието го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа и беше испратен до претседателот Ѓорге Иванов, кој го врати законот без да го потпише Указот. За да го изгласа законот за ратфикација на Собранието му е потребно мнозинство од 61 глас „за“. Доколку повторно се изгласа, договорот повторно се испраќа до претседателот. Претседателот на Собранието Џафери најави дека по прегласувањето ќе го испрати законот во Службен весник на Македонија со еден потпис, а исто така ќе постапи и за Законот за употреба на јазиците, чиј што указ Иванов не го потпиша. Синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во интервју за ТВ Алфа најави дека најверојатно уште денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе две кривични пријави за креаторите и потписниците на Законот за употребата на јазиците и на Договорот со Грција.

XS
SM
MD
LG