Достапни линкови

Прва средба на полициите на Косово и Србија


Архивска фотографија- лого на косовската полиција

Претставници на полициите на Косово и Србија се сретнаа првпат со посредство на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово - ЕУЛЕСК, за да разменат информации за истрагите во врска со убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Средбата ја организираше заменикот шеф на ЕУЛЕКС, Бернар Тран, кој изјави дека целта била да се разменат информации меѓу полициите на двете земји, со цел расветлување на убиството на Ивановиќ, што се случи на почетокот на годинава во северна Митровица.

Заменик шефот на Еулекс, мисија која од овој месец го смени мандатот и останува како советодавно тело во Косово, најави нова средба на двете полиции во текот на идниот месец, објави порталот „Газета Експрес“.

"Средбата претставуваше предизвик, но беше успешна. Двете служби се согласија да се сретнат повторно на почетокот на август", изјави Тран.

XS
SM
MD
LG