Достапни линкови

Потами би можела да ги замени Независни Грци во владата на Ципрас


Архивска фотографија- седница на грчкиот парламент

Грчката владејачка партија, Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) на премиерот Алексис Ципрас би можела да ја прифати партијата Потами како евентуален партнер во Владата врз основа на „јасно програмско поле на зближување“, изјави денеска грчкиот министер за внатрешни работи Панос Скурлетис.

Во изјава за радиото 24/7, Скурелтис оцени дека сегашниот владин партнер на СИРИЗА, десничарската партија Независни Грци на министерот за одбрана Панос Каменос ќе мора дафинитивно да реши дали ќе остане во Владата или ќе ја напушти, откако изрази противење на Договорот со Македонија.

Скурлетис нагласи дека го разбира ваквиот став на Независни Грци, бидејќи партијата се обидува со „национал-полулиситичка агенда“ да се бори со опозициската конзервативна Нова демократија за придобивање на „едни исти избирачи“.

За разлика од Независни Грци, опозициската Потами го поддржа договорот со Македонија, поради што и се појавија претпоставките дека таа би можела да ја замени партијата на Каменос во Владата.Лидерот на Потами, Ставрос Теодаракис меѓутоа во неколку наврати ја отфрли таквата можност.

XS
SM
MD
LG