Достапни линкови

Меркел- владината коалиција е сигурна


Архивска фотографија- германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел го намали значењето на штетата која ја нанесе спорот за миграциските прашања со нејзиниот владин партнер, наведувајќи дека несогласувањата не ја донеле во ризик стабилноста на коалиционата влада.

"Не можам да ветам дека нема да има и понатаму несогласувања со нашите партнери за други прашања, но тоа не е невообичаено кога владата ја сочинуваат три партии” рече Меркел во интервју за телевизијата АРД.

Таа постигна договор за мигрантите со нејзиниот коалициски партнер и министер за внатрешни работи Хорст Зеховер во понеделник вечерта.

XS
SM
MD
LG