Достапни линкови

За еден час 46 земјотреси во Албанија


Серија од 46 земјотреси ја погодија денеска Албанија, при што предизвикаа материјална штета и паника меѓу населението.

Според Рапо Ормени од Сеизмолошкиот институт во Тирана по првиот потрес почувствуван во 11:02 часот, па се до 12 часот, почуствувани се 46 потреси со различна јачина.

„Првиот потрес беше со јачина од 5,2 степени според Рихтер на 31 километар северозападно од Тирана, во подрачјето на заливот Лалзи кај Драч, на длабочина од 10 километри. Можни се и понатаму потреси со помала јачина се додека се смири тлото“, изјави Ормени.

Поради паниката голем број граѓани се надвор од своите домови, институциите не работеа повеќе од еден час бидејќи вработените беа надвор, а прекин имаше и во телефонската мрежа.

Засега нема информации за повредени, но веќе се евидентират оштетувања на објекти. Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора и на Косово.

XS
SM
MD
LG