Достапни линкови

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ за мостот „Око“ од Скопје 2014


Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против три лица за, како што беше соопштено на прес-конференцијата, криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Според директорот на управата, Арафат Муареми, осомничени се поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, М.Т., поранешен секретар во Општина Центар и Д.Р. вработен во секторот за градежно уредување во Општина Центар.

„Тие се товарат за несовесно работење во службата со што нанеле штета на Буџетот од над 433.000 евра“, информираше Финансиската полиција.

Директорот на финансиската полиција Муареми рече дека пријавените се согласиле да ја надоместат штетата во целост и дека веќе добиле потврда од Општина Центар дека пријавените ги вратиле парите на сметка на општината на 30 јуни, но дека постапката против осомничените продолжува.​

Муареми додаде дека другите предмети од проектот „Скопје 2014“, за кои е надлежна финансиска полиција, се во предистражна постапка, а за мостот „Око“ целосно е завршена истрагата, но дека постојат сомневања за одлевање пари од земјава и за другите истраги од „Скопје 2014“.

XS
SM
MD
LG