Достапни линкови

За сега нема планови за бегалски кампови во Македонија, вели Бертолини


Никола Бертолини

Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје денеска изјави дека засега нема планови за отворање мигрантски кампови во Македонија.

Одговарајќи на новинарски прашања за оваа тема, тој нагласи дека иако засега такви проекти и планови нема, не е исклучено ништо со оглед дека станува збор за политика.

„Морам да бидам искрен и да ви кажам дека знам колку што знаете и вие. Засега нема планови, ниту проекти за отворање мигрантски кампови во оваа земја. Според мене, одговорот е не, но како и се друго во политиката, се е предмет на промена. Па, да видиме. Засега, нема таков план“, изјави Бертолини.

Претходните десетина дена во дел од медиумите и на профилите на дел од политичарите од опозицијата се појавија информации дека во Бардовци се гради камп за бегалци, кои беа демантирани од министрите Мила царовска и Радмила Шекеринска.

XS
SM
MD
LG