Достапни линкови

КПЈ: Етикетирањето на новинари како странски агенти е системска политика на Кремљ


Руските потези за етикетирање на некои новинари и блогери како "странски агенти" се последниот чекор во "систематската политика" на властите во Кремљ за попречување на слободниот проток на информации, вели Комитетот за заштита на новинарите (КПЈ). Комитетот со седиште во Њујорк, преку соопштение, ги повика властите во Москва да им дозволата на граѓаните да се информираат од повеќе извори

Пред два дена Комитетот за информирање и комуникација на руската Дума одобри измени на законот со кој ќе им се дозволи на властите да ги етикетираат приватните лица како "странски агенти", ако работат за медиуми, а кои Министерството за правда ги оквалификувало како "странски агенти".

Со измените на законот ќе се прават годишни ревизии на тие новинари и двегодишни извештаи за нивната работа, а нивните производи, меѓу кои и вестите да се обележуваат со етикета „странски агент“, објавија дел од медиумите.

Новите амандмани за законот се одобрени од Думата, а предлог-законот треба да биде одобрен од двата дома на парламентот и потпишан од претседателот Владимир Путин за да стапи на сила.

Шефот на Комитетот за информации и комуникација на Думата, Леонид Левин, кој е ко-автор на најновите предлози, за новинската агенција Интерфакс изјави дека Министерството за надворешни работи и Канцеларијата на јавниот обвинител ќе бидат одговорни за обележување на приватни лица како странски агенти "за дополнителна заштита на поединци од случајни одлуки доенсени од Министерството за правда“.

XS
SM
MD
LG