Достапни линкови

НАТО членките ги отфрлаат критиките на САД


Земјите членки на НАТО ги отфрлија критиките од САД дека не трошат доволно за одбраната. Пред самитот на НАТО во Брисел во идната недела претседателот Доналд Трамп кој ќе учествува на собирот им испратил писма на некои сојузници во Алијансата од кои бара да ги зголемат ваквите трошоци. Повеќето од овие земји не се согласуваат со ваквата оценка, наведувајќи дека ги спроведуваат зацртаните планови. Претстојниот самит на НАТО е прв поголем состанок на сојузниците по бурниот состанок на Групата 7 во Канада во минатиот месец кога се појавија многу несогласувања.

XS
SM
MD
LG