Достапни линкови

Курц: миграцијата врвен приоритет во наредните месеци


Австрискиот канцелар Себастијан Курц

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Европскиот парламент во Стразбур ја претстави програмата на претседавањето на Австрија со Европската унија при што најави дека прашањето со миграцијата ќе има најголем приоритет во наредните месеци. „Мигрантската криза создаде несигурност меѓу европските граѓани, а заштитата на европските граници мора да биде најголем приоритет и мора да дојде до промени во нашата миграциска политика“, изјави Курц. Слоган на австриското шестмесечно претседавање со ЕУ кое почна на 1 јули е „Европа која штити“.

XS
SM
MD
LG