Достапни линкови

Светска банка со нова стратегија за Македонија


Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Република Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори, соопшти македонското Министерство за земјоделство.

Ова, според соопштението, било тема на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.

После неколку години Светска банка назначи одговорно лице за земјоделство во канцеларијата во Скопје, кое од следната недела заедно со МЗШВ ќе работи на анализа на приоритетите кои што може финансиски да ги поддржи во следниот период. За одговорно лице за земјоделство во канцеларијата на Светска банка, е назначенаСилвија Маури.

XS
SM
MD
LG