Достапни линкови

Нов обид на Тачи да го состави преговарачкиот тим со Белград


Косовскиот претседател Хашим Тачи најави дека деновиве ќе се сретне со партиските лидери и ќе се обиде да формира тим за преговорите со Србија за статусот на Косово.

Сепак, според локалните медиуми, иницијативата по се изгледа нема да му успее, бидејќи единствено неговата поранешна партија, Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај до сега изразија готовност да му се придружат.

Опозициоското Движење Самоопределување (ВВ) на Албин Курти се изјасни дека нема да се сретне со Тачи, а и владејачката Иницијатива за Косово (Нисма) смета дека претседателот на државата е непригфатлив како главен преговарач.

XS
SM
MD
LG