Достапни линкови

Мицотакис: Не го прифаќам Договорот, тој им го признава македонскиот јазик и идентитет


Кирјкос Мицотакис

Шефот на грчката Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, во интервју за весникот „Политико Европа“, вели дека за Грците Договорот за името е неприфатлив поради признавањето на македонскиот јазик и етницитет, но дека, доколку помине во Парламент, Нова Демократија ќе го прифати.

Во интервјуто Мицотакис вели дека најголемиот проблем со Договорот од Преспа е што тој признава македонски јазик и етницитет.

„Секогаш сме велеле дека сакаме решение, но дека тоа мора да ги почитува сензибилитетите на двете страни“, вели Мицотакис.

Тој додава признавањето на македонскиот идентитет е искрено неприфатлив за најголемиот дел од Грците.

„Не сакам да ја платам цената на дестабилизација на мојата земја за да ги стабилизирам северните соседи. Не можеме да прифатиме македонски јазик и етницитет“, вели шефот на Нова Демократија.

XS
SM
MD
LG