Достапни линкови

Трамп: СТО треба да се промени или САД ќе преземе нешто


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Соединетите држави „ќе преземат нешто“ доколку Светската трговска организација не се однесува праведно спрема САД. Трамп повторно демантира дека планира да ги повлече САД од СТО, но наведе дека таа организација мора да се промени. „СТО лошо се однесуваше со САД и се надевам дека ќе го смени таквото однесување“, рече Трамп во текот на состанокот со холандскиот премиер Марк Руте во Белата куќа. Трамп им воведе царини на американските сојузници, а планира дополнителни вакви мерки спрема Кина.

XS
SM
MD
LG