Достапни линкови

Помпео повторно ќе ја посети Северна Кореја


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе отпатува во посета на Северна Кореја на 5 јули, соопшти Белата куќа. Тоа ќе биде втора посета на Помпео на Северна Кореја како државен секретар и прва посета на еден висок американски претставник по историскиот состанок меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Сингапур во минатиот месец. Посетата на Помпео доаѓа во момент кога расте загриженоста околу подготвеноста на Пјонгјанг да го спроведе она што е договорено на состанокот меѓу Трамп и Ун.

XS
SM
MD
LG