Достапни линкови

Американски конгресмени во Русија


американскиот амбасадор во Русија Џон Хантсмен

Неколкумина американски конгресмени пристигнаа во Москва во, како што велат, мисија на обнова на односите и да видат како руската економија функционира по четири години санкции од Запад. Пред пристигнувањето во Москва тие во Санкт Петербург имаа средба со градоначалникот Георги Полтавченко при што изразија надеж за подобрување на односите. Полтавченко пак изразил подготвеност да соработува „на сите фронтови“. Конгресмените се поканети во Русија од американскиот амбасадор Џон Хантсмен и се сметаат за приврзаници на претседателот Доналд Трамп кој планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 16 јули во Хелсинки. Не е познато дали конгресмените ќе се сретнат и со Путин.

XS
SM
MD
LG