Достапни линкови

Годинава договор Белград - Приштина?


Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скoт денеска изјави дека дијалогот Белград - Приштина треба да влезе во поинтензивна фаза и изрази надеж дека компромисот ќе биде постигнат „можеби дури и годинава“.

Тој за Радио-телевизија Србија рече дека е јасно дека ниту Белград ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно двете страни да дојдат до компромис.

„Затоа е толку важан овој дијалог кој го води Европска унија. Мислам дека мора да се влезе во поинтензивна фаза, јас се надевам дека ќе дојде до компромис, можеби дури и годинава“, рече Скот.

XS
SM
MD
LG