Достапни линкови

Болтон: САД имаат план за денуклеаризација на Северна Кореја


Џон Болтон, советник на американскиот претседател за национална безбедност

Џон Болтон, советник на американскиот претседател за национална безбедност изјави дека САД имаат план кој ќе доведе до денуклеаризација на Северна Кореја во рок од една година. Болтон очекува соработка од страна на Пјонгјанг, бидејќи, како што рече, жителите на таа земја сакаат што поскорашно укинување на санкциите и помош од Јужна Кореја и Јапонија. Претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 12 јуни во Сингапур одржаа историски состанок кој заврши со потпишување заедничка декларација со која се предвидува и целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

XS
SM
MD
LG