Достапни линкови

Германскиот министер за внатрешни работи Зехофер понуди оставка


Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и германската канцеларка Ангела Меркел, Нирмберг, 15.12.2017.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер понуди оставка на функцијата и на неговата позиција како шеф на баварската конзервативна Христијанско социјална унија ЦСУ поради несогласувањата со германската канцеларка Ангела Меркел околу миграциската политика. Тоа би можело да доведе до распаѓање на со децении стариот сојуз меѓу ЦСУ и ЦДУ на Меркел. Германската новинска агенција ДПА наведува дека оставките се уште не биле официјално поднесени и оти другите во партијата го разубедувале Зехофер да не се повлече.

XS
SM
MD
LG