Достапни линкови

Трамп: средбата со Путин најверојатно во јули


Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, самит на АПЕК, Дананг, Виетнам, ноември 2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе се се состане во текот на својот престој во Европа во идниот месец. Тој додаде дека до состанокот ќе дојде или во Хелсинки или во Виена. Путиновиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков претходно изјави дека Москва и Вашингтон се договориле за датумот и местото на самитот, но оти деталиите ќе бидат соопштени денеска. Трамп изјави дека наскоро ќе слушне детали од својот советник за национална безбедност Џон Болтон кој престојуваше во Москва. Според Трамп, теми на разговорите ќе бидат Сирија и Украина.

XS
SM
MD
LG