Достапни линкови

Сопругата на Слободан Милошевиќ во отсуство осудена на една година затвор


Поранешната претседателка на ЈУЛ и сопруга на Слободан Милошевиќ - Мирјана Марковиќ

Мирјана Марковиќ, поранешната претседателка на ЈУЛ и сопруга на Слободан Милошевиќ, денеска во отсуство е осудена на една година затвор поради влијание на членови на владина комисија за извршено незаконско доделување на државни станови во 2000 година.

Една година затвор добија и поранешната секретарка на Владата на Србија, Живка Кнежевиќ, и тогашниот директор на Дипос, Милош Лончар за злоупотреба на службената положба. Марковиќ е осудена бидејќи ги поттикнувала двајцата да го извршат кривичното дело.

Марковиќ од 2005 година е во Русија заедно со синот Марко Милошевиќ, каде добија политички азил по падот на Слободан Милошевиќ.

XS
SM
MD
LG