Достапни линкови

Во Грција протести и контра-протести по Договорот за името


За заштита на „грчкиот карактер на Македонија“ вечер во Солун ќе се одржат два протеста против Договорот за името, најавија локалните медиуми.

Едниот протест е закажан за 19 часот по локално време, пред министерството за Македонија и Тракија во Солун, а другиот еден час подоцна и ќе биде протест со мотори.

Според локалните медиуми, двата протеста се организирани преку социјалните мрежи.

Паралелно со овие два протеста, антифашистички и антинационалистички собир закажаа анархистички организации од Солун. Тие го повикуваат народот да им се придлужи во блокадите против национализмот и фашизмот како одговор на протестот што ќе се одржи пред Министерството за Македонија и Тракија.

XS
SM
MD
LG