Достапни линкови

Заев: Чудата се можни кога веруваме во вредностите


Отворање на преговорите за пристапување во ЕУ и добивањето покана за НАТО би дало одлучувачки придонес за успешно спроведување на историскиот договор со Грција и за подобра иднина на македонските граѓани, рече македонскиот премиер Зоран Заев во обраќањето на тема „Кон заедничка европска иднина на Југоисточна Европа – примерот на Македонија“ во австрискиот Институт за меѓународни односи (ОИП) во Виена.

„Македонија направи голем скок напред само за една година, од работ на неуспех кон нашите најголеми аспирации - ЕУ и НАТО. Чудата се можни кога цврсто веруваме во вредностите. Новата демократска Влада, по 10-годишен режим, влезе во реформската акција за обнова и развој на демократските вредности, владеењето на правото и правдата, безбедноста на граѓаните и нивната економска стабилност, во обнова на односите со нашите пријатели во меѓународната заедница и во оживување на односите со сите пријатели на Македонија од меѓународната заедница“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG