Достапни линкови

Трамп му ја честита изборната победа на Ердоган


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп кој му ја честитал изборната победа и му посакал успех, соопшти кабинетот на Ердоган. Тој во неделата победи во првиот круг на претседателските избори и освои втор мандат на таа функција. По овие избори, според одлуката изгласана на референдумот одржан во минатата година, се прошируваат овластувањата на претседателот и се укинува местото премиер.

XS
SM
MD
LG