Достапни линкови

САД бараат од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта


Претседателот Доналд Трамп

САД побараа од сите земји во светот до 4 ноември годинава да го прекинат увозот на иранска нафта доколку сакаат да ги избегнат американските санкции воведени по повлекувањето на САД од меѓународната спогодба со Иран за неговата нуклеарна програма. „Тоа е еден од нашите главни принципи на националната безбедноста. Наш став е дека нема да одобруваме никакви исклучоци“, изјави висок претставник на Стејт департментот. Претседателот Доналд Трамп на 8 мај објави дека САД се повлекуваат од оваа спогодба, бидејќи не била многу строга спрема Техеран.

XS
SM
MD
LG