Достапни линкови

Тирана: голем ден за Албанија, Македонија, но и за ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама, во првата изјава околу одлуката за почнување преговори на Албанија и на Македонија во јуни 2019 година, оценува дека тоа е голем успех на владите на двете земји. „Резултатите од нашите реформи ги натераа и скептиците да ги препознаат заслугите на Албанија и на Македонија. Добиена е една многу тешка битка, војната продолжува“, посочува Рама. И шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, ја поздрави одлуката на министрите, оценувајќи дека станува збор за голем ден за Албанија и за Македонија, но и за иднината на ЕУ.

XS
SM
MD
LG