Достапни линкови

Бошњаковски: Одлуката на Иванов не влијае на спроведувањето на Договорот за името


Владиниот портпарол Миле Бошњаковски

Непотпишувањето на Указот за Договорот со грција од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов за Владата е очекувам потег, но тоа нема да влијае на неговата имплементација, стои во денешната владина реакција откако Иванов го врати Указот за Договорот за името без потпис.

„Одлуката на Иванов не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Грција веќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО“, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски за МИА.

Од Владата повторуваат дека волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти без разлика која форма ќе го има изјаснувањето на граѓаните.

XS
SM
MD
LG