Достапни линкови

Во Солун солзавец и шок бомби на протестите против договорот за името


Протест во Солун против договорот за името меѓу Македонија и Грција

Грчката полиција вчера во Солун употребила солзавец и шок бомби против демонстрантите кои протестираа против договорот со Македонија за името. Нема извештаи за ранети и приведени. До нередите дојде кога околу 300 демонстранти се обиделе да ја прекинат дебатата која ја организираше грчката влада во врска со овој договор. Местото на дебатата било променето поради закани од локалните фудбалски навивачи. Инаку, според спогодбата која ја потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји Македонија треба да го смени името во Северна Македонија со што треба да биде решен долготрајниот спор.

XS
SM
MD
LG