Достапни линкови

Советот на ЕУ денеска за придружувањето на Западен Балкан


шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, Преспа, 17.06.2018.

Советот на Европската унија за општи работи денеска во Луксембург ќе разговара за политиката на проширување на ЕУ и процесот на стабилизација и придружување на Западен Балкан во Унијата. Како што е најавено, министрите за оваа тема ќе разговараат во светлината на извештајот на Европската комисија за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Косово и Турција. Се очекува Советот да го потврди определувањето за проширување како стартегиско вложување во мир, демократија и стабилноста на Европа. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вчера побара од Советот да даде зелено светло за почеток на преговорите за членство со Македонија и Албанија. Тоа, според него, ќе биде позитивен сигнал за целиот Балкан.

XS
SM
MD
LG