Достапни линкови

СДСМ: Македонските топоними за Кукуш, Солун... не се забрануваат


Илустрација

При јавно објавен договор, ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да ја лаже јавноста, македонските топоними не се забрануваат, одговори владејачката СДСМ на денешните обвинувања од опозицијата дека со Договорот со Грција нема да смеат да се користат македонските називи за Солун, Кукуш, Кутлеш...

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на делување освен ширењето лажни вести и невистини преку кои се обидува да ги манипулира граѓаните. Во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите, и тоа важи подеднакво и за двете страни. Приоритет на едно не значи забрана за друго. Со тоа се обезбедува чисто и соодветно решение согласно меѓународните стандарди. ВМРО-ДПМНЕ мора да престане со ширење лажни вести“, се вели во соопштението на социјалдемократите.

XS
SM
MD
LG