Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: За Србија ќе биде Солун, а за нас Тесалоники


За само една година владата на СДСМ на чело со Зоран Коте Заев ја брише вековната македонска историја, но и ја загрозува иднината на цела една нација, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето пишано соопштение.

„Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними. Солун ќе остане Солун и за Србија и за Бугарија, но Македонците ќе мора да го викаат Тесалоники. Кукуш, родниот град на македонскиот великан Гоце Делчев, за учениците од Северна Македонија ќе биде Килкис. Воден - Едеса. Кутлеш - станува Вергина! Костур - Касториа! Сер - Серес!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со овој договор, се вели во соопштението, се врши бришење на културното наследство на Македонија што е нераскинлив дел од нашиот идентитет.

XS
SM
MD
LG