Достапни линкови

Кнајс: Преговорите со Македонија не се подарок


Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл заедно со Никола Димитров, Метју Нимиц и Никос Коѕијас

Македонија и Албанија ги исполнија задачите за преговори, изјави австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, на новинарско прашање за отворањето преговори со Скопје и Тирана.

„Не можам да зборувам во име на сите 27 земји, но во наши очи не станува збор да им се подари нешто на овие земји, туку ова е прашање на логика. Им дадовме задачи на Албанија и на Македонија, им поставувавме цели што треба да се постигнат и им рековме да ги исполнат. ЕК и Федерика Могерини ја имаат поддршката на Австрија“, изјави Кнајсл.

Шефицата на австриската дипломатија во изјавата го користеше името Северна Македонија, со образложение: „Тоа е правилното ново име на земјата“.

XS
SM
MD
LG