Достапни линкови

Брегзит ја чини Британија 440 милиони фунти неделно


Напуштањето на ЕУ ја чини Велика Британија 440 милиони фунти неделно, објави „Бизнис инсајдер“, повикувајќи се на резултатите од последното истражување на Центарот за европска реформa.

Според истражувањето, благодарение на пониските приходи од даноци, ударот од гласањето за напуштање на ЕУ врз јавните финансии изнесува 23 милијарди фунти годишно.

„Наодите целосно ја побиваат неодамнешната изјава на премиерката Тереза Меј дека значително ќе го зголеми финансирањето во здравството со дивидендата од Брегзит“, пишува „Бизнис инсајдер“.

XS
SM
MD
LG