Достапни линкови

Во Мексико уапсена цела полициска станица за вмешаност во убиство на политичар


Во истрагата за убиството на кандидатот за градоначалник на мексиканскиот град Окампо, Фернан Хуарес, а под сомнение за вмешаност, уапсени се сите 27 полицајци вработени во полициска станица во градот, објави Би-Би-Си.

Хуарес е трет политичар убиен во западна држава Мичоакан за само една недела и еден од стотината убиени во последните неколку месеци во Мексико, пред локалните избори закажани за први јули.

Мексико веќе подолго време е во врвот на светската листа на држави со најмногу убиства на политичари.

XS
SM
MD
LG