Достапни линкови

Се чека Кривичниот суд да каже дали ќе има судење за „крвавиот четврток“


Скопскиот Кривичен суд денеска треба да соопшти дали поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и на петмината пратеници и ќе им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а во врска со настаните од 27 април, познати како крвавиот четврток.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев потврди дека тричлениот совет вчера заседавал зад затворени врати и дека одлуката е донесена, но нема да се објавува се додека не бидат известени странките во случајот.

XS
SM
MD
LG