Достапни линкови

Холандија одобрила ЕУ да почне преговори со Македонија


Холандскиот Парламент одобри отворање на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, објавија локалните медиуми.

Веста ја објави и албанската телевизија Топ канал, која додава дека холанските пратеници дале зелено светло за Македонија, но не и за Албанија.

Поголемиот дел од холандските пратеници „резултатите на Албанија не се доволни за да се отворат преговори со неа за членство во Унијата“.

Холандскиот парламент побараа од Владата да не гласа за предлогот на Европската комисија за Албанија, бидејќи „земјата не ги исполнила условите поставени од Брисел во врска со корупцијата и криминалот“.

XS
SM
MD
LG