Достапни линкови

Влада: Премиерот ги пријави трошоците, Иванов одбива


Владината прес-служба денеска соопшти дека претседателот Ѓорѓе Иванов не одговорил на поканата да ја прифати Алатката за отчетност, со што, како што велат од Владата, „одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци“.

„Се уште нема одговор од претседателот Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог иКанцеларијата на претседателот да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење“, се вели во владиното соопштение.

Во писмото, испратено на 29 мај, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, го информирал претседателот Иванов дека Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење им е достапна на сите избрани функционери кои се подготвени да ги стават во секој момент на увид на граѓаните информациите и податоците за трошењето на нивните пари.

Во писмото Владата го информира претседателот Иванов, дека преку Алатката за отчетност, пред граѓаните досега се објавени трошоците на премиерот, на министрите и на замениците на министрите, на државните секретари и на генералниот секретар на Владата.

XS
SM
MD
LG