Достапни линкови

Бошњаковски: Иванов да покаже основна политичка одговорност


Владиниот портпарол Миле Бошњаковски

Сите политички институции во Македонија, меѓу кои и претседателот Иванов, да покажат елементарна политичка одговорност, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски по денешната писмена изјава на претседателот Ѓорге Иванов дека „не го менува ставот за Договорот со Грција и дека поради тоа премиерот Зоран Заев може веднаш да побара импичмент против него“.

„Волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка на политичките субјекти. Но, за да граѓаните можат да ја изразат својата волја слободно, потребен е политички амбиент којшто тоа ќе им го овозможи“, рече владиниот портпарол Бошњаковски.

XS
SM
MD
LG