Достапни линкови

Турција почнува образовни реформи со укинување на домашните задачи


Илустрација - Основно училиште во Турција

Наставниците во училиштата во Турција повеќе нема да им даваат домашни задачи на учениците, а материјалот ќе се учи на час, изјави турскиот министер за образование Исмет Јилмаз.

„Од сега натаму, ниеден наставник нема да дава домашна работа на учениците. Сакаме нашите ученици да се фокусираат повеќе на час и материјалот да ги научат уште на час. Ќе им обезбедиме на нашите деца образовен систем кој одговара на нашето време и живот“, рече министерот, нагласувајќи дека се укинува и учењето на памет, бидејќи „за старите практики нема место во новиот начин на учење“.

.

XS
SM
MD
LG