Достапни линкови

Тачи - Време е за крај на трагичната епоха меѓу Косово и Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, пред средбата в недела во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека тоа ќе биде финале пред постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за помирување на двата народи.

Тачи на прес-конференција во Приштина изјави дека за нормализација на односите меѓу двете земји се заинтересирани и САД и Европската унија, од кои добил поддршка.

„Време е по овие преговори, кои на еден или на друг начин продолжуваат, да се потпише историски договор, со кој ќе се стави крај на една трагична епоха за односите меѓу двете држави“, рече Тачи.

XS
SM
MD
LG