Достапни линкови

Почна седницата за ратификација на Договорот со Грција


Премиерот Зоран Заев во Собрание на ратификација на Договорот со Грција

Собраниската седница за ратификација на Договорот со Грција почна со обраќање на премиерот Зоран Заев и без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Јазикот е наш македонски, македонска ни е татковината. Потписите на историскиот договор го заштитија нашиот македонски идентитет за век и векова“, рече Заев во воведното обраќање пред пратениците.

Договорот вчера ги помина двете фази, прво на пленарна седница, на која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против ратификување на договорот по скратена постапка и ја напуштија собраниската сала, а потоа и во Комисијата за европски прашања.

По ратификацијата, Договор треба да биде потпишан од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој денеска уште еднаш потврди дека нема да го даде својот потпис.

XS
SM
MD
LG