Достапни линкови

Кумуцакос: Северна Македонија со македонски јазик и националност е опасна комбинација


Како влада, ќе направиме сѐ што е можно, сѐ што е во наши раце, со преговарачки, дипломатски и политички средства, со контакти за да се смени оваа негативна разврска за земјата по Договорот, тоа е наша обврска, изјавил одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, во интервју за грчката телевизија „Антена“.

„Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќање македонски јазик и македонска националност, оваа комбинација е експлозивна. Тоа навистина е основа на еден нов иредентизам. Зошто? Бидејќи постои една Северна Македонија и очигледно и Јужна Македонија, во очите на Скопјаните, не во нашите очи, за нас постои една Македонија. Комбинацијата дека постои една јужна Македонија и Македонците се таму, сфаќате дека комбинацијата е експлозивна, нема потреба да навлеземе во други работи, само ова е доволно“, рекол Кумуцакос.

XS
SM
MD
LG