Достапни линкови

Столтенберг се надева на покана за Македонија на самитот на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева на покана за Македонија за членство во Алијансата на самитот што на 11 и 12 идниот месец ќе се одржи во Брисел, откако Македонија и Грција постигнаа договор за промена на името во Република Северна Македонија. Тој во интервју за француската телевизија „Франс 24“ изрази уверување дека членките на НАТО на овој самит ќе демонстрираат единство и покрај сегашните, како што изјави, „значајни разлики“ меѓу Соединетите држави и европските земји околу учеството во финансиските трошоци на НАТО.

XS
SM
MD
LG