Достапни линкови

Во Ростов се запалил авионот на репрезентацијата на Саудиска Арабија


Авионот во кој се наоѓала фудбалската репрезентација и целиот стручен штаб на Саудиска Арабија се запалил на нивното патување кон Ростов, јавија новинските агенции.

Пламен се појави на едно крило, но за среќа авионот слета безбедно во Ростов и трагедијата беше избегната. Огнот беше предизвикан од технички проблем со моторот, пренесоа агенциите.

Од раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија потврдија дека никој не е повреден и дека фудбалерите и стручниот штаб се безбедни.

„Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ве увери дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот дефект на моторот на авионот“, се вели во соопштението од штабот на саудиската репрезентација.

XS
SM
MD
LG