Достапни линкови

Лавров и Помпео разговарале за Сирија и Северна Кореја


американскиот државен секретар Мајк Помпео

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговарал со американскиот државен секретар Мајк Помпео за Сирија, Северна Кореја и за плановите за идните американско руски контакти, соопшти руското Министерство за надворешни работи, што беше потврдено и од Стејт департментот. Американскиот претседател Доналд Трамп во минатата недела изјави дека е можно да се состане со рускиот претседател Владимир Путин во текот на летото. Путин исто така навести дека е можна таква средба и оти таа би можела да биде во Австрија.

XS
SM
MD
LG