Достапни линкови

Трамп: Америка секогаш ќе биде прва во вселената


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека САД ќе ја задржат доминацијата во вселената пред Кина, Русија и другите земји кои напредуваат во трката за истражување на Месечината, Марс и други планети. „Америка секогаш ќе биде прва во вселената. Не сакаме Кина, Русија и други да не водат. Ние секогаш водиме“, изјави тој во говорот во Белата куќа, придружуван од потпретседателот Мајк Пенс и претставници на НАСА. Трамп најави дека наскоро ќе му даде упатство на Пентагон да формира Вселенски сили како одвоена служба на оружените сили.

XS
SM
MD
LG